Во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето” посветена на Денот на ослободувањето на Битола, градоначалникот на Битола Тони Коњановски синоќа присуствуваше на промоцијата на документарниот филм „Битола, мој роден крај“ , филм посветен на животот, делото и споменот на нашиот сограѓанин Ајри Демировски.
Филмот е приказна за човекот, неговите вредности и љубовта кон Битола, а автори на филмот се Шенол Мемиш и Дејан Младеновиќ.
Авторите на филмот раскажуваат дека Демировски компонирал над педесет песни, меѓутоа најпознат е по песната која нема кој не ја знае, а тоа е, „Битола, мој роден крај“.





























