Проеска: “Парите ги потрошил за шетање, а можеше да направи тестирање за многу сограѓани”

(Фејсбук статус на кандидатката за пратеник од Крушево на ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Проеска)

“Дали, наместо за екскурзии, парите можеа да се потрошат за тестови за проверка на моите сограѓани???

Бидејќи,се покажа како вистинито, дека во време на Корона од 17 март до 20март, Општина Крушево, потрошила скоро 1000е за патување во странство, а парите можеле да се искористат за тестови, маски и дезинфекциони средства за крушевчани.

ПРЕДЛАГАМ, во најбрз можен рок,со парите од откажаните паушали на советниците,да се направи проверка на сите граѓани,значи да се обезбедат тестови,да се набават маски,нараквици и се’ што е најпотребно за луѓето,а влезовите да се затворат дури трае проверката. Во Крушево живеат 2000 жители, плус-минус, да не речам на прсти се бројат.
Градоначалниче, сега Крушево е во твои раце!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.