Проданоски: “Ова е само десеттина од непотизмот во Прилеп и причина за револт кај членовите на СДСМ?!” (Видео)

Непотизмот и поставувањето на најблиските роднини и пријатели на позиции стана заштитен знак на СДС по кој граѓаните ја препознаваат оваа одродена, предавничка власт. Впрочем и тоа е единствената работа за која ги бидува. Истракна на вчерашната прес конференција Дејан Проданоски, потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМЕН Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме интегрално:

„До нас од загрижени граѓани, вклучително и разочарани членови на СДС, пристигнаа информации за непотизам од огромни размери каде преку ноќ на убави работни позции се вработуваат и поставуваат роднини и пријатели на функционери од СДС.

Прашуваме дали се точни информациите за имињата кои ќе ги објавиме пред македонската јавност?

Цвете Станојоска, внука од сестрата Виолета Станојоска на градоначалникот Јованоски,вработена во Локална самоуправа Прилеп?

Виолета Станојоска, сестра на градоначалникот, унапредена од референт во раководител за јавни набавки при градска болница Борка Талески?

Горан Попоски, зет за сестра на градоначалникот Јованоски, раководител/директор на Стопанска комора Прилеп?

Роза Рулеска Пиличева, долгогодишна соработничка на градоначалникот, унапредена од сестра во главна сестра во градската болница?

Кристијан Пиличев, син на Роза Пиличева, најпрвин директор/раководител на домот за стари лица Киро Крстески Платник, а сега раководител на ФЗО Прилеп?

Наташа Тодороска, снаа од сестра на сопругата на градоначалникот Јованоски, вработена во детски градинки Наша иднина Прилеп?

Благица Каракашоска, братучеда на градоначалникот Јованоски, директорка на ОУ Рампо Левката Прилеп?

Бојан Ристески, син на Слободан Ристески, поранешен директор на затворот Прилеп, вработен како професор по физичко во СОУ Кузман Јосифоски Питу?

Славчо Ѓоргиоски, син на Веле Ѓоргиоски директор на ОУ Гоце Делчев, вработен во Локална самоуправа Прилеп, одделение за урбанизам?

Викторија Јовчески Спиркоска, функционер на СДС и една од најгласните со шарена револуција, вработена во Локална самоуправа, а сега вработена во кабинетот на министерот Сугарески како советник?

Кире Спиркоски, сопруг на Викторија Јовчески Спиркоска, командир на ПС Прилеп?

Валентин Божиноски, советник во Совет на Општина Прилеп, вработен во УЈП?

Еленче Ташкоска, исто советник во Советот, вработена во ОУ Кочо Рацин?

Јулијана Цековска, советник во Советот, вработена во АД за стопанисување со станбен и деловен простор Прилеп?

Весна Северскоска, ќерка на Жарко Северкоски советни во Советот на Општина Прилеп, вработена во Локална самоуправа Прилеп?

Иса Мамудоски, брат на Адем Мамудоски, член на Совет на Општина Прилеп, вработен во ЈКП Пазари?

Александра Попоска, сестра на сопругата на Александар Спиркоски Џемо, вработена во детски градинки Наша иднина?

Александра Бозоска, внука на Цветанка Иванова секретар на Собрание, вработена во МВР?

Ивица Станкоски, најпрво вработен во ЈКП Комуналец, но по назначувањето на неговата сопруга за директор на ова претпријатие, експресно префрлен во Водовод Прилеп?

Александар Богданоски, девер на пратеничката Кети Смилеска, вработен во Институт за старословенска култура?

Влатко Велески, брат на Сашо Велески, доскорешен претседател на ОО СДСМ Прилеп и член на УО на Телеком, директор на Македонски шуми?

Прашуваме дали овие вработувања, назначувања и унапредувања се вистински затоа што прилепчнани заслужуваат одговор на ова прашање?

Почитувани, изгледа единствен критериум за вработување и унапредување во државава е слепата лојалност кон криминалниот картел на СДС и роднинските врски.

Очигледно животот кој го ветуваа дојде само за неколкумина, а обичниот граѓанин и понатаму ќе врзува крај со крај, благодарение на погубните политики на најнеспособната влада од постоењето на Република Македонија па до денес. Но со заминување на оваа криминална власт, Македонија ќе продолжи да чекори напред!“, додаде Проданоски.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.