“Jавниот градски превоз во Прилеп е еден од многуте проекти реализирани од претходната локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, придобивка која значително го олеснуваше секојдневниот живот на граѓаните”, истакна на денешната прес конференција, Дејан Проданоски, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во Советот на општина Прилеп.
Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:
“Во неполни 2 години од мандатот на актуелната владеачка гарнитура, градскиот превоз беше целосно уништен и руиниран. Автобусите со месеци доцнат и по цел час, линиите се намалени, а дел од автобусите и целосно расипани.
Сега општината и градоначалникот Јованоски набавија 4 автобуси во вредност од неверојатни 1 милион евра, набавка која според нашите сознанија ја следат низа контроверзии и можни криминални активности.
Прашуваме!
Дали тендерот за набавка на четирите автобуси на кој како единствен понудувач се појавува фирмата Аутомакедонија АД Скопје е еднаш поништен поради недоставена банкарска гаранција?
Дали и при повторниот тендер единствен понудувач била истата фирма и како е можно почетната цена на тендерот да не биде намалена?
Зошто за вака голема сума не е распишан меѓународен тендер, на кој би се пријавиле и други компаниии кои би можеле да понудат поповолни услуги?
Во игра ли се одредени лични бизнис интереси и договори во четири очи?
Која е потребата за новите автобуси да возат на метан, а во Прилеп не постои ниту една метан станица?
Вистина ли е дека автобусите ќе се полнат со гориво во Битола и дали и во тој поглед бизнис интересите и роднинските врски се во прв план?
Почитувани,
Овие сомнежи се повеќе од доволно за Јавното обвинителство да го истражи случајот по допрен глас, што доколку не се случи ќе биде покренато од наша страна.
Покрај се погоре споменато, автобусите болиди, секој вреден по 250.000 евра, не ја дочекаа успешно ниту нивната промоција.
Вчера јавноста беше сведок и како еден од нив се расипа при првиот изминат километар.
Вака владее СДСМ, вака зборот е збор за нив, со расфрлање на народните пари, со мачкање очи и еден куп контроверзии и скандали.
Во време кога се наоѓаат во безизлезна ситуација и кога се откриваат сите пипци на нивниот криминален октопод, прават нови и нови скандали и грешки преку кои тонат уште подлабоко, а со нив за жал ја влечат целата држава и граѓаните”.