Прилеп: Отишол да расчистат долгови, а потоа настанал хаос

На 08.02.2019 година во 18,00 часот во Полициската станица Прилеп С.М.(42) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 14,00 часот отишол во домот на Џ.О. со цел да се договорат околу нерасчистени должничко доверителски односи, а присутни биле и неговата сопруга и брат, по што настанала вербална расправија и во еден момент Џ.О. со тврд предмет го удрил пријавителот во пределот на левото рамо, а потоа и неговиот брат физички го нападнал – информираат во полицискиот билтен на МВР. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.