Mузичкото училиште “Ордан Михајлоски – Оцка” од Прилеп е расадник на талентирани деца кои постојано нижат успеси каде и да се појават. На последниот Меѓународен натпревар “Акордеон арт плус”, кој се одржа во Сараево, пијаниските од класата на професорката Христина Никоска се вратија со една највисока награда – лауреат и една прва награда, додека пак ученичката во класата на професорката Кети Петреска, освои втора награда во дисциплината хармоника.
“Во Сараево, на Меѓународниот натпревар ‘Акордеон арт плус’ учество зедов со моите ученици по пијано Арсениј Ангелески и Анастасија Петреска. Во конкуренција на учесници од многу земји, како Србија, Словенија, Бугарија, Шведска, Хрватска, Кина и т.н. реномираното интернационално жири им додели: највисока награда-Лауреат на Арсениј и Прва награда на Анастасија во своите категории, додека мојата колешка, Кети Петреска со својата ученичка Марија Ковилоска се натпреваруваа во дисциплината хармоника и го освоија Второто место”, изјави Никоска.