Прилепчани ја преслушаа Струга, следува гостување кај Вардар

Екипата на РК Прилеп со 25:22 (14:9) го совлада тимот на РК Струга, во 7. коло од Супер лигата.

До победата не се стигна лесно, со оглед на водството кое гостите го имаа во првото полувреме, последен пат со 6:8.

Сепак, понатаму домашните ракометари ја презедоа играта и се чини, ги постигнаа во серија одлучувачките голови.

Пресвртот кој се случи до одморот, донесе резултат 14:9 за РК Прилеп. Во второто полувреме предноста беше поубедлива, за на крајот да се сведе на 3 разлика, 25:22.

Најефикасен со 5 гола беше Христијан Милошески, по 4 дадоа Хазеин Рустамов, Давор Шокоски и Реваз Чантурија.

Сега РК Прилеп има есенски биланс од 3 победи и 4 порази. Во следното 8.коло РК Прилеп му гостува на шампионот Вардар.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.