Прилепчани растурија во Швајцарија: Три од три победи за борците на “Максам” во Винтертур (ФОТО)

На 8 јуни во градот Винтертур во Швајцарија се одржа меѓународен натпревар во Кик бокс дисциплини к1 и Таи бокс во организација на ICF “International Charity Fights”.

Учествуваа борци од многу држави Швајцарија, Германија, Албанија, Србија, Македонија, Косово, со свои претставници во машка и женска конкуренција.

Од нашиот клуб “Максам”-Прилеп настапија 3 натпреварувачи и сите тројца oстварија победи.

Марио Пеливаноски победи на поени против Ваид Ибрахими од Швајцарија во дисциплина к1, категорија 57кг.

Дино Пеливаноски победи на поени против Радојевиќ Стефан од Швајцарија, во дисциплина Таи бокс категорија 54кг.

Далибор Кафеџиоски победи на поени против Џулиан Пастори од Швајцарија, во дисциплина Таи бокс категорија 65 кг.

“Нашите натпреварувачи имаа одличен настап и покрај долгото патување беа подготвени кондиционо и технички. На крај на турнирот имаше професионални борби за титули, имаше одлични борци и борби. Едно големо искуство за нас, стекнавме нови пријатели нови контакти. Продолжуваме со работа и тренинзи не очекуваат нови натпревари на државно и
меѓународно ниво”, истакна Пеце Ангелески, тренер на прилепскиот клуб.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.