Прилепски бранители до Шекеринска: “Гинeвмe за Македонија, а ти го величаш УЧК, заcpaми се и одма ocтавка!”

Фејсбук статус на Горан Јончески од Здружението “Прилепски бранители”

“Во името на Здружението “Прилепски бранители” и од мое лично име, најостро го осудуваме гестот на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која без ниту малку совест, разум и жал за паднатите борци за оваа држава, се фотографираше со симболите на УЧК.

Шекеринска е се’ само не и прв човек на одбраната на Република Македонија. Таа со овој гест гази врз нашите браќа кои во 2001-та година се бореја токму против ваквите паравоени и терористички структури за да го зачуваат територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Шекеринска покажа и докажа дека нејзината СДСМ е предавничка партија и нив воопшто не ги боли жртвата на паднатите јунаци на Карпалак. Нив не им е грижа што голем број наши сограѓани како последица на воениот конфликт го загубија своето здравје и за жал некои од нив починаа.

Во лов за албански гласови заборавија на градот херој и прилепчани кои се најповредени од оваа нечовечка и нехумана постапка на вицепремиерката и министерка за одбрана.

Гиневме за Македонија, а вие го величате УЧК! Засрамете се, имајте барем малку доблест и поднесете оставка од функцијата.

Ние прилепските бранители сме биле и ќе останеме на браникот на одбрана на нашата држава, Република Македонија и ќе продолжиме да се бориме да живее делото на нашите браќа.

Оставаме историјата и граѓаните да им судат на предавниците!

Да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.