Претставата “Клетници” на прилепскиот театар се врати со неколку награди од Фестивалот на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица

Од штотуку завршениот 26 –ти Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, театарот „Војдан Чернодрински„ се врати со награди за претставата „Клетници“ во режија на Мартин Кочовски.

Претставата предизвика голем интерес, а публиката настапот на ансамблот го награди со аплауз.

Меѓународната театарска асоцијација НЕТА ги додели следните награди за претставата:

-Награда за најдобра сценографија, дизајн на светло и костимографија на Јулијана Војкова Најман и

-Награда за најдобра музика на групата Фолтин.