По една година во Грција, Стефан Лозаноски одново во дресот на РК Прилеп

РК Прилеп го официјализира враќањето на Стефан Лозаноски, кој по една сезона помината во Грција повторно ќе го облече дресот на својот матичен клуб.

Лозаноски во Прилеп се враќа со ново искуство, поголема зрелост и квалитет стекнат на меѓународната сцена, што се очекува да биде значаен придонес за тимот во пресрет на новите предизвици.

Прилепската публика добро го познава Стефан како ракометар кој секогаш остава срце на теренот и максимално се вложува во секој натпревар. Неговата посветеност и борбеност беа едни од карактеристиките по кои беше препознатлив во дресот на РК Прилеп.

Неговото враќање претставува дополнително засилување за составот, кој во новата сезона ќе се стреми кон нови успеси и уште подобри резултати.

Од клубот му посакаа повторно добредојде и многу успех, со надеж дека заедно со навивачите ќе создадат уште многу незаборавни ракометни моменти во преполната прилепска сала.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.