Потребни се повеќе “Тимчовци” во Македонија: Аеродром – Општина со нула кopyпција

Општина Аеродром денеска започнува со реализација на едно од клучните ветувања во предизборната кампања на градоначалникот Тимчо Муцунски – „Аеродром – општина со нула кopyпција“, информираат преку соопштение од општината.

Називот на проектот е „Создавање европска општина: политика на интегритет за нула корупција“ и предвидува изградба на систем за антикорупциски мерки, чија цел е да се воведе нова политика во водењето и работата на општината.

Градоначалникот Муцунски оствари средба со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер. На средбата беше договорена соработка која предвидува фондацијата да ангажира реномирани домашни и меѓународни експерти кои во наредните четири години ќе ѝ помагаат на Општина Аеродром да стане општина без корупција.

Проектот ќе се работи во однапред утврдена методологија со јасно дефинирани цели и анализа на резултати. Целосната имплементација на овој проект ќе гарантира дека парите на граѓаните ќе завршат на вистинското место и на тој начин ќе добијат поголема транспарентност за нашата работа.

Ова беше еден од седумте приоритети во кампањата на градоначалникот Муцунски кој се заложи истиот да биде имплементиран во најбрз можен рок, стои во соопштението.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.