Повеќе од 800 деца зедоја учество на четвртата трка „Мини Трчај бе“ во Битола (Фото галерија)

Повеќе од 800 деца и над 1.000 родители, баби, дедовци и публика која дојде да ужива со најмладите, го исполнија битолското шеталиште со енергија каква што може да донесе само детската радост.

Четвртото издание на „Мини Трчај бе“ уште еднаш покажа дека Битола знае да биде добар домаќин на настани кои ги обединуваат семејствата, го промовираат спортот и создаваат спомени што долго се паметат.

„Особено радува што оваа година во нашиот град пристигнаа деца од повеќе македонски градови, а најбројни беа токму битолските деца кои се нашата иднина. Благодарност до волонтерите и сите што придонесоа уште едно убаво издание кoe го промовира трчањето, да се случи во Битола. Кога детската смеа е најгласниот звук во градот, тогаш знаеме дека денот бил совршен“ велат организаторите на настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.