Победа тоне ли тоне: Нов пораз, шансите за опстанок се минимални

По 17 натпревари без триумф ФК Победа е се поблиску до Втората македонска лига.

Прилепчани одиграа очајно и загубија од Шкупи со резултат 0-3. Стрлци на головите за гостинската екипа беа Сержињо во 50-тата минута и Ангелов во 73-та и 83-та минута.

По денешниот пораз од Шкупи, Победа веројатно го пропушти и последниот воз за опстанок во лигата. Разочарувањето е уште поголемо ако се земе во предвид дека на почетокот од сезоната управата на ФК Победа најавуваше европски тим кој ќе се бори за врвот на табелата.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.