Пехар за прилепчанката Катерина Атанасоска на интернационалниот натпревар за креација на нокти во Албанија (Фото)

Прилепчанката Катерина Атанасоска освои пехар на интернационалниот натпревар во Леже, Албанија, за уметничка креација на нокти.

На натпреварот учествуваа натпреварувачи од Албанија, Црна Гора, Косово, Турција, Виетнам, Италија, Македонија, во повеке дисциплини.

Меѓу десетиците натпреварувачи, дојде до израз уметничкиот талент на Атанасоска. Категоријата беше силно конкурентна, но нашата претставничка полна со самодоверба за сопствените способности, не само што се носеше рамо до рамо со соперниците, туку отскокна и изведе атрактивна изработка во најкомлицираната категорија, тип бокс, односно цртеж на 10 натпреварувачки нокти.

Интернационалното жири го препозна и’ го квалификува делото за совршено, како последен здив на модните трендови.

Атанасоска го демонстрира својот сликарски талент и триумфира меѓу искусните ривали, отворајќи го патот кон нови одмерувања на уметничката дарба, нови награди на уште посилни натпреварувања и нови призанија. Таа вели дека наградата ќе ја мотивира да ја развие мечтата и да понуди нови креации.

Атанасоска се подготвувала под уметничката палка на едукаторката од Скопје, Ана Павловска од академијата Ана Џ-треме Ацадемѕ.

Инаку, манифестацијата во Леже привлече неколку стотина натпреварувачи во категориите фризура, фантази, тетоважи, невестински, вечерни фризури, шминки и изработка на француски маникир на нокти со гел и акрил.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.