Петмина прилепчани: Љупче Петрески, Милан Јаковоски, Михаил Петкоски, Филип Илиоски и Иво Иваноски – успешно го искачија Гросглокнер, највисокиот врв во Австрија, висок 3.798 метри.
Искачувањето било самостојно организирано и испланирано од петчлената екипа, без планинарски водич, а било реализирано во две етапи.
Првиот ден екипата тргнала од Lucknerhaus (1.918 м) и пристигнале до Stüdlhütte (2.801 м), каде што преноќиле. Вториот ден следувал главниот предизвик, искачување до врвот и враќање назад до почетната точка.
Искачувањето се одвивала во одлични временски услови. Воочливо било и интензивното топење на глечерите, што претставува дополнителна опасност по планинарите но, остава и силен впечаток за промените што се случуваат во последните години во планините.
По неколкучасовното исцрпувачко искачување, петмината стигнале до врвот на Гросглокнер, каде што го развиориле македонското знаме.
„Глетката од врвот беше неверојатна, фантастична. Чувството кога стигнавме до највисоката точка беше навистина незаборавно“, велат учесниците.
Од Прилеп до 3.798 метри, македонското знаме се вееше на највисокиот врв во Австрија!
Погледнете ги фотографиите кои ни ги испратија:













































