Пеколни температури од следните денови во Македонија

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ која веќе ја зафаќа државава во следните денови температурите ќе бележат тенденција на голем пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 35 степени.

Поради релативно високата влажност во воздухот и понатаму времето ќе биде мачно и спарно па така температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност додека во попладневните часови се очекува изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Поради многу топлиот бран и УВ индексот ќе бележи голем пораст и ќе има екстремни вредности и тоа од 1о до 11 па така доколку излегувате следните денови задолжително со себе да си понесете заштитна опрема одностно капа и наочари за сонце.

Старите и изнемоштените лица да не претстојуваат на силното сонце долг период и да бидат претпазливи во периодот од 10 до 17 часот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.