На празникот посветен на Св. Јоаким и Св. Ана, во прилепската компанија Комфи Ангел беше осветен новиот погон, со молитва и благослов за успешна, плодна и продуктивна работа.
По тој повод, од компанијата упатија благодарност до свештените лица за прекрасната служба и за благословот упатен од срце кон сите вработени, компанијата и нивните семејства.
„На сите наши вработени им посакуваме среќа, здравје и Дедо Боже да ги чува нивните семејства“, порачаа од Комфи Ангел.
Новите инвестиции и проширувањето на производствените капацитети се уште еден чекор во развојот на компанијата, но зад секој успех стојат луѓето кои секојдневно го создаваат.
Успехот на вработените е и успех на Комфи Ангел.
Од Маркукуле им посакуваме на целиот тим на Комфи Ангел многу здравје, успех и уште многу успешни работни години во новиот погон. Нека новиот почеток биде исполнет со благосостојба, сигурност и нови достигнувања!






























