Ова е целосната програма на натпревари, за 9-от по ред Меморијален ракометен турнир “Миле Нешкоски”

Деветтото издание на меѓународниот ракометен меморијален турнир „Миле Нешкоски“ ќе се одржи од 29 август до 1 септември. Организаторот ги потврди шесте учесници на турнирот. На ова издание ќе ги нема ланските финалисти, освојувачот Дубочица од Србија и Мулти Есенс.

Освен домаќинот прилеп, ќе настапат уште четири македонски екипи. Тоа ќе бидат Охрид, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш и Куманово. Единствениот странски претставник ќе биде екипата на Врање од Србија.

Охрид и Куманово ќе го одиграат првиот натпревар на турнирот, а на првиот ден ќе играат уште и пелагониските ривали, Прилеп и Еурофарм Пелистер 2.

Натпреварите ќе се играат на 29, 30 и 31 август, со финалето закажано за 1 септември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.