Оваа фотографија стана хит на социјалните мрежи: Навивачите на Реал Мадрид разочарани

Реал Мадрид и по втор пат оваа сезона доживеа пораз од Шахтјор (2-0), па сега пласманот на кралскиот клуб во наредната фаза од Лигата на шампиони е сериозно доведен во прашање.

Навивачите на Реал беа бесни по утакмицата. Одбраната на кралскиот клуб напправи недозволиви грешки на мечот во Украина, а сцената која беше забележана пред првиот гол на домаќинот, стана хит во фудбалскиот свет.

Имено, Шахтјор поведе со контра напад по корнерот на Реал. Топката брзо беше префрлена во казнениот простор на гостите, одбраната катастрофално реагираше и Дентињо го совлада голманот на Реал.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.