Нова ера на гастрономското уживање во Прилеп: Cipriani утре ги отвора вратите за првите гости (Фото галерија)

Прилеп добива ново место кое ќе ја промени сликата за градското уживање.

Во просторот на поранешниот ресторан Лидер, во срцето на градот, утре започнува една нова гастрономска приказна, вратите ги отвара Cipriani Fine Dining & Lounge Bar, место создадено за оние кои бараат повеќе од обично излегување од дома, место каде амбиентот, вкусот и врвната услуга се спојуваат во едно незаборавно искуство.

Со впечатлив, модерен и елегантен ентериер, внимателно дизајниран до последниот детал, Cipriani носи атмосфера каква што досега ретко можеше да се види во Прилеп. Простор кој создава чувство на престиж, топлина и гламур, совршен за посебни моменти, деловни средби, прослави или едноставно уживање со добро друштво.

Cipriani Fine Dining & Lounge Bar ги отвора своите врати утре, среда (24.06.), со почеток од 21:00 часот, а честа прв да ја создаде музичката атмосфера, ќе ја има добро познатиот Ѓоко Таневски.

Ова не е само нов ресторан. Ова е нова точка на мапата на Прилеп, место кое носи нови стандарди во гастрономијата, внимателно избрано мени, врвни вкусови и амбиент кој ќе ги привлече гостите не само од градот, туку и од цела Македонија.

После долго очекување, Прилеп добива простор каде секоја посета ќе биде приказна за себе.

Cipriani – ново име, нова енергија и ново гастрономско искуство под Марковите Кули.

Повелете и бидете меѓу првите кои ќе уживаат во ова ново искуство! Резервации на тел.бр. 078 534 334




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.