Ни доаѓа снегот и студеното време

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава ќе има пообилни врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег, соопшти УХМР.

Утре ќе се задржи облачно со пообилни врнежи, локално над 25 литри на метар квадратен, кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови (и во Полог и Пелагонија). Повремени врнежи од снег ќе има и во делови од Скопската Котлина.

Ќе почне да дува умерен северен ветер кој во вторник и во среда ќе биде засилен.

Повремен локален снег ќе има во вторник, а од среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, на места и под -10 степени, а и дневните на места ќе останат негативни.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.