Не ни даваат помош за време на криза, но Македонија доби датум без датум од ЕУ

Еврокомесарот за проширување на Унијата Оливер Вархеји преку Твитер соопшти дека земјите членки постигнале политичка согласност отворање преговори со Македонија и со Албанија.

Од се срце им честитам на двете земји. Со ова испраќаме јасна порака до Западниот Балкан дека вашата иднина е во Европската Унија, порача Вархеји.

Тој се уште не прецизираше кога точно може да се очекува отпочнувањето на преговорите.

Претходно Ројтерс информираше дека ЕУ ќе донесе одлука за отворање преговори, но повторно без датум.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.