Несреќа на подготовките за “Пивофест”, пред очите на градоначалникот?!

Работник се здоби со тешки телесни повреди откако падна од голема висина, при монтирањето на штандовите за претстојната манифестација “Пивофест”.

Според информациите од очевидци, работникот бил при свест до доаѓањето на Брзата медицинска помош. Поради сериозноста на повредата тој веднаш бил пренесен во градската болница во Прилеп.

Несреќата се случила непосредно пред очите на градоначалникот Илија Јованоски, кој требало да одржи прес-конференција?!

Да потсетиме, за тимот на градоначалникот, сега дел од локалната самоуправа ова беше:ВАШАР, КИЧ, ФОЛКПАРАДА и антикултура…за 10 месеци се изменија изјавите и денес се најголеми промотори ??




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.