Најнови информации за потрагата по исчезнатиот Хрват

Потрагата по исчезнатиот Матеј Периш продолжи утрово во 7 часот. Официјално, неговите пријатели го пријавиле неговото исчезнување и од тој момент се ангажирани сите ресурси на српската полиција за да се пронајде младиот Хрват.

Новинарот на ТВ Пинк, Младен Мијатовиќ вечерва изјави дека потрагата продолжила со пребарување на реката Дунав, пренесува Курир.рс.

„Денеска се пребаруваше Дунав, од устието, низводно по левиот и десниот брег на Дунав, а проверка се правеше и низ територијата на Стариот град, Палилула, Гроцка, се до Смедерево. Исто така се пребаруваше и долж крајбрежјето во кое е вклучена и полициската управа на Панчево до границата на Смедерево. Матеј не е во реката“, додаде Мијатовиќ.

Мијатовиќ рече дека, ако телото на Матеј е во вода, тој ќе исплива после 15 дена, ако претходно не било закачено некаде.

Денеска е осми ден од потрагата по Матеј Периш, момчето од Сплит кое исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември.

Матеј со своите пријатели пристигнал во главниот град на Србија за да ја прослави Новата година. Во текот на ноќта го напуштил клубот „Готик“, снимен е како трча низ улиците на главниот град, запира таксист, а потоа му се губи секаква трага.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.