Најдобрите си заминуваат: Најдовски од Победа потпиша за Вардар

0

Фудбалерот за врска Филип Најдовски, е нов член на Вардар. 25-годишниот играч пристигна во Вардар од Победа, каде беше еден од најдобрите поединци на теренот.

Тој е поранешен член на младинската репрезентација на Македонија, кога селектор беше токму сегашниот шеф на стручниот штаб на Вардар, Бобан Бабунски.

Договорот на Најдовски со „црвено-црните“ е на една година, со можност за продолжување на соработката и во следните две.

„Вардар е најголем клуб во Македонија, чест и привилегија е да се биде дел од овој тим. Идната сезона очекувам да се бориме да ја вратиме титулата онаму каде што припаѓа, и да ја освоиме двојната круна. На Вардар секогаш му доликува да се бори да биде најдобар во секоја конкуренција“, рече Најдовски.