Наместо ревизија и истрага за проектите во ЈП, се повеќе слики за соживот

Само до пред 100 денови секојдневно слушавме најави дека сите сомнежи за кpиминал ќе почнат да се pacветлуваат од првиот ден со доаѓањето на новата власт.

Темите за индиции за кpиминал во набавката на автобусите, адвокатските услуги во јавните претпријатија, набавката на резервни делови, привремени вработувања, легендарното мовче од “милион евра”, булеварот, сообраќајните знаци од по 8.000 евра еден… и уште многу теми, беа мотив да се чека разврската за овие небулози.

Наместо официјални бројки за борчот на општината и јавните претпријатија, до денеска ниту една институција не излезе со официјален пресек колку е задолжена. Во 70 денови нема ни една пресконференција од раководителите на таа тема.

Дали има превработеност и каде? Дали има несоодветни кадри на раководни места? Овие се прашања на кои прилепчани очекуваат одговори. Единствено што добиле досега се сликите од предновогодишните прослави, кои како да праќаа порака на соживот и дека борчовите повторно ќе ги плаќаат граѓаните, а виновноци кои ќе одговараат за проневера дека ќе нема?

Да Ве потсетиме дека во првите месеци од мандатот во 2017та, за најбанални работи тогашаната власт на екс градоначалникот му поднесе преку 25 обвиненија…исто така и на директорите на ЈП….

Честити празници и да се гледаме за добро!






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.