Над 200 ученици од четврто одделение во Прилеп на едно место денеска спортуваа, се дружеа и се забавуваа (ФОТО)

Прилеп денеска беше дел од Европската недела на спортот – преку настанот MOVE MK 2026, кој се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, а учествуваа повеќе од 200 ученици од четврто одделение од три прилепски основни училишта.
На спортските терени имаше игра, дружење, рекреативни активности и повеќе спортски дисциплини, со една заедничка цел – секое дете да биде активно и да ужива во движењето.

MOVE MK 2026 во организација на Министерството за спорт, во Прилеп започна уште минатата недела со активности во училиштата. Во ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Климент Охридски“ и ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ беа опфатени над 200 ученици, а со денешниот главен настан на новото реконструирано игралиште во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, кампањата доби уште поголем број учесници.

Овој ден не беше за победници и поразени. Беше за движење, дружење и создавање навика децата да бидат физички активни.

Европската недела на спортот е можност уште од најмала возраст да им покажеме на децата дека спортот не е само натпревар, спортот е игра, забава, дружење и здрав начин на поминување на слободното време.
Општина Прилеп продолжува да вложува во спортот и во создавањето повеќе можности за активно, здраво и исполнето детство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.