Моторџиско “лудило” во Прилеп: Моторџии од цела Македонија на седмиот по ред “Мото фестивал” – ГАЛЕРИЈА

DSC_0033

Во Прилеп денеска се одржува седмиот по ред “Мото фестивал”, кој во 17 часот започна со мото собир и дефиле на моторџии од целата земја.

Високи октани, разновидност на мотори и голема доза на адреналин, така изгледаше сликата во центарот на Прилеп од 17 до 19 часот, а погледот на случајните минувачи го одземаа глвните актери, момците во кожни елеци, моторџиите.

Организацијата на фестивалот е во рацете на Мото клубот “Рисови” oд Прилеп, а за сите оние кои сакаат вечерва да се дружат со нив, добредојдени се на луда мото забава до утринските часови на градскиот базен во Прилеп.

Уживајте во галеријата која ја подготвивме за вас:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.