Mлад прилепски бенд составен од една девојка и неколку момци, кои едноставно обожаваат добра забава.
За нив жанровите не се важни, од поп и рок до најголемите хитови кои ги знаете. Нивната единствена цел е публиката да биде среќна, на нозе и да пее со нив.
Овој четврток (25.06.) со почеток од 21 часот, настапуваат на Камена бина, како дел од проектот “Од 0 до култура”, па ќе биде убаво да се слушнат како звучат пред поголема публика.
Бендот ќе проба да ја оживее суровата емоција, џез-магијата и препознатливиот ретро-звук на неповторливата Amy Winehouse. Со огромна почит кон нејзиното творештво, во живо ќе ги пренесат безвременските хитови како „Back to Black“, „Rehab“ и „Valerie“.
Бендот го сочинуваат:
• Ана Цветаноска – вокал
• Димитар Колевски – бас-гитара
• Стефан Самарџиоски – тапани
• Леонид Гешоски – гитара
• Леонид Насески – клавијатури
Дојдете пред Камена бина заедно да се забавуваме!
























