Младите пингпонгари на “Младост 96” го покажаа својот капацитет: Медал за Давид Јоноски на првиот Телеком турнир за кадети

На ден 19.10.2019 година во Прилеп се одржа првиот Tелеком турнир за кадети/ки У-12, организиран од Пингпонгарската Федерација на Македонија и Пинг-понг клуб „Младост 96“ од Прилеп. Турнирот се одржа во спортската сала при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

ППК Младост96 како клуб кој традиционално негува пионерска школа, и оваа натпреварувачка сезона почна со освојување на медали. Давид Јоноски го освои третото место на турнирот, кој се бодува за ранг листите на федерацијата. Јоноски со три победи и еден пораз влезе во полуфиналето каде загуби од победникот на турнирот Александар Јакимовски од Крива Паланка.

Во финалето Јакимовски го победи играчот на Телеком-Нец2, Ненад Тиловски со 3-0 во сетови. Ова е огромен успех за младиот Јоноски и голем поттик за постигнување на понатамошни успеси. Останатите играчи на ППК Младост постигнаа одлични резултати, Николче Здравевски загуби во 1/4 финале токму од Давид Јоноски. Марко Стојаноски, Масимо Гически и останатите се младите надежи на клубот.

Наредниот викенд повторно во Прилеп се игра првиот Телеком турнир за пионери У-15.

Наредниот ден на 20.10.2019, во СОУ “Ѓорче Петров” во Прилеп се одржаа четвртото и петтото коло од Супер лига и Прва лига во пингпонг.

Екипата на “Младост96” забележа половичен резултат, односно една победа и еден пораз, пораз кој дојде во незгодно време и тоа пред градскиот дуел со “Младост” наредниот викенд, кој и по пет одиграни кола останува непоразен и е на чело на табелата.

Победа е извојувана против минатогодишниот шампион Вардар со резултат 4-1, а пораз од одличната екипа на ШампиониФА од Штип со резултат 4-1. Пoбедата против Врадар ја извојуваа Рикалоски со две победи, една Лашкоски и во игра на двојки.

“Да се надеваме дека тоа е само слаб ден на нашите играчи и дека во наредниот викенд ќе се прикажиме во вистинско светло и со добра игра ќе се обидеме да извојуваме победи против екипата која е со најголеми шанси за титула градскиот ривал Младост, како и против екипата на Работнички”, ни изјави претседателот на клубот Марјан Матракоски.

На табелата Младост и Шампиони ФА се без пораз додека на трето место се наоѓа екипата на Младост96 со еден пораз.
Наредниот викенд исто така во Прилеп ќе се одигра и 7-то коло од Супер лигата.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.