На меѓународниот фестивал по пијано ARTISTI I RI, кој се одржа на 28.12. во Тетово, младите пијанисти од Прилеп, Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески освоија први награди со максимални 100 бода.
Арсениј и Анастасија се ученици во Државното музичко училиште од Битола, во класата на проф. Татјана Божиноска.
Дечките важат за едни од најталентираните пијанисти од Прилеп, а дека тоа е така докажуваат во секој нареден натпревар, каде освојуваат исклучиво први награди.
Анастасија зеде учество и на концертот KRITERIUM MUSIC ARTISTS, кој на 29.12. се одржа во галеријата на KRITERIUM MUSIC.
На концертот настапија 7 млади пијанисти кои чекорат по патот на успехот и имаа чест да музицираат на премиум пијано модел од C. Bechstein.