Младата џудистка Елена Малиновска потпиша професионален договор со ЏК Бушидо (Фото)

На 15 март управата на Џ.К.Бушидо потпиша професионален договор со една од своите такмичари, која со само 14 години се дрзна да се бори во сениорска конкуренција и успеа да се закити со бронзен медал на Државниот џудо натпревар, што неодамна се одржа во Прилеп.

Младата Малиновска не и е прв пат да изненадува на вакви натпревари. Претходната година се закити со голем број медали од меѓународните и државните натпревари низ балканските земји.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.