Миркуловски: “Македонија ќе приреди изненадување”

Најискусен по селекторот во нашата ракометна репрезентација е Филип Миркуловски. Со слична задача како и Лазаров, средниот бек ќе работи и на теренот, но и надвор од него во стручниот штаб.

Пред натпреварот со Словенците, Миркуловски ги изнесе своите очекувања од подмладениот тим.

„Јас доцна се приклучив на подготовките, но сепак гледам дека сите се подготвени. Словенија како што кажаа сите е фаворит. Се работи за играчи кои настапуваат во големи клубови. Резултатите на последните собири им се добри, ама ние сме добро спремни на тактички план. Имаме ковид-проблеми, ама имаме широк ростер. Мора да го дадеме максимумот и да ја добиеме оваа средба во дефанзива. Сметам дека имаме шанси да приредиме изненадување“, смета Миркуловски.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.