Меркел откри кон што ќе се насочи по завршувањето на политичката кариера

Канцеларката Ангела Меркел на традиционалната летна конференција за новинарите изјави дека таа сфаќа дека луѓето се заинтересирани за нејзиното здравје откако неколку пати се тресеше во јавноста, објави Анадолија.

На конференцијата во Берлин, Меркел истакна дека и покрај потресите, сепак може да ги извршува должностите на Канцелар без никакви проблеми.

– Моето здравје е многу важно за мене во мојот приватен живот. – рече Меркел, додавајќи дека се чувствува добро и истакнувајќи дека во 2021 година, кога и истечува мандатот, таа има намера да ја напушти политиката. – Но, тогаш, се надевам, ќе имам еден друг живот што сакам да го поминам во здравје. – рече германската канцеларка, која во средата наполни 65 години.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.