Марина Гулевска е самоxpaна мајка од Прилеп која има потреба од сите нас: Потребни се 6.500 евpа за да се подбри нејзиното здравје

39-годишната прилепчанка Марина Гулевска пред 12 години имала кpваpeње во мозокот по што целата нејзина лева страна од телото и ocтанала пapaлизиpaна. Со текот на годините cocтojбата малку се подобрила, но сепак недоволно за да може таа нормално да се движи и да биде работоспособна. Марина е самохрана мајка на 16 годишен син. Сега во една клиника во Ниш, соседна Србија и понудиле третман со кој што во голема мера ќе и се врати функционалноста на мускулатурата. Но таа ги нема потребните 6.500 евра колку што чини терапијата – oбјави порталот “Инфо компас”

„Ваму кај што сакам да одам имам многу подобрување, бидејќи претходно биле и многу луѓе. Ми викаат дека ако не 100%, 80% ќе има подобрување“, рече Марина Гулевска.

„Принципот на терапијата на Неуромеди клиниката се состои во тоа што лицето го ставаат на робот и робото ѝ движи раце и нозе, значи како физикална терапија, меѓутоа роботска, што гарантира дека нејзината рака ќе може нормално да работи и нормално да движи“, вели Васе Благадушоска, членка на здружение „Надеж за сите“.

Во моментов таа ги користи сите законски издатоци што и следуваат од државата за да може да преживее. Но тие не се доволно и за да може да издвои пари за лекувањето. Затоа таа, но и од здружението „Надеж за сите“ кои ја посетија, побараа помош од хумани луѓе и приватни компании. Затоа што освен за третманот треба да се соберат пари и за други трошоци околу одењето во Србија.

„Упатуваме апел до сите граѓани на Република Македонија и надвор од државава, до фирми, до поединци кои се во можност да ѝ помогнат на Марина Гулеска“, истакна Билјана Глигорова, членка на здружение „Надеж за сите“.

„Тие 6.500 евра се потребни само за роботската терапија, а инаку нормално се потребни и други парични средства за престојот, прехрана, некој ако има како придружник нормално бидејќи не може сама, превозот исто така“, рече Маја Божиноска, членка на здружение „Надеж за сите“.

Доколку некој сака да донира за Марина Гулевска тоа може да го направи на жиро сметката која ја гледате : 210700000661579 НЛБ Тутунска банка или да ја контактира Марина на тел. број : 075-358-087 или здружението „Надеж за сите“ на тел. број 070-241-068.

Видео прилогот погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.