Малиот 13-годишен Танци од Прилеп нема топол дом, ја минува ноќта каде ќе стигне

На страната ПрилеП4анец се појави стату кој првлече големо внимание а во истиот се вели:

Момче од 13 години, не спие во топол дом, ја минува ноќта кај што ќе стигне низ центарот на Прилеп и чека да се раздени, оти полесно е кога е ден. Чаршиските луѓе го знаат како Танци, така се преставува. Се запознавме сношти кај паркот до градската општина, му пријде на моето друштво за да побара од нас 10 денари.

После тоа отидовме на тост. Почна мачно да ги јаде четвртинките и застана. Ми рече дека не може да јаде. Го прашав зошто не може, но не знаеше да ми одговори јасно. Ми рече дека тешко му е.

– Што ти е тешко ? – прашувам.

– Ме боли – ми вели.

– Што те боли ? – го прашувам.

– Се ме боли – одговара и покажува со раката на градите.

– Од кога така ? – прашувам.

– Не знам, тешко ми е да дишам – вели.

Приметувам дека исплукува по неколку пати во минута.

Не треба да си стручен за да заклучиш дека градите му се полни со шлајм. Деновиве е се поладно а тој спие на отворено, очигледно е дека детето е болно. Го прашувам дали бил на лекар, ми ја врти главата и наивно бара од мене да му кажам дека утре кога ќе се раздени ќе му помине болката, ќе биде се во ред. Не можам ништо да му кажам. Тргнуваме кон Тејк Фајв, а таму свирка во живо, забава, наидуваме на околу 30-40 луѓе пред клубот. Танци ги гледа и почнува да го прави истото, да бара 10 денари од нив. Некои ќе се пошегуваат со него и тој со нив, други ќе го избркаат, трети ќе го изигнорираат или ќе го осудат. И така го снема меѓу луѓето детето.

После ова само се наметнува прашањето, какви сме тоа ние ?

Во 21 век во Прилеп има деца што спијат на улица болни и гладни, па не сме Њујорк или Уганда, па да имаме иљадници деца на улица, Прилеп е ова луѓе сите се знаеме повеќе или помалку. И тие што работат во институции, и чаршиски мангупи, и дуќанџии, и милионери, и уметници, и полицајци, иселеници, рокери, фолкери, сите се знаеме мало место е ова, тоа е јасно, но не знам само дали сме толку мали во срцата, и толку слепи во очите.

Танци е прилепчанец и му треба помош од прилепчани. Му треба некој да го ислуша, некој да го прегледа, некој да го стопли, некој да го праша што сака да биде кога ќе порасне, некој да се грижи за него дури е дете, некој да му ги кажи правата, некој да биде човек со него. Најдете начин за тоа, и помогнете му на детето – ве молам 🙏


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.