Македонија не е подобна за ЕУ ?! Германскиот министер за економија изјави дека критериумите за преговори не се исполнети

Германскиот министер за економија Петер Алтмајер изјави дека Македонија и Албанија имаат остварено напредок за да се приближат кон единствениот пазар на Европската Унија, но сепак, потребна е посилна бopба пpотив kopyпцијата и нeзависно cyдство во двете земји.

– И покрај напредокот, се уште не се исполнети сите критериуми, за овие земји да бидат подготвени за членство во ЕУ, рече Алтмајер на конференцијатa за Западен Балкан што се одржува во полскиот град Познан.

Во однос на изјавите на одредени шефови на дипломатии на ЕУ дека не треба да се одложува почетокот на преговори на овие две земји со Унијата, Алтмајер рече дека не е негова работа како министер за економија да дава препораки за одлуки што се веќе донесени на ниво на шефови на држави или влади и ЕК како целина.

– Европската Унија мора да носи одлуки едногласно, токму тоа се очекува од нас. Како и да е, како министер за економија, сакам да видам стабилен економски развој во сите овие земји, без разлика на тоа кога и под кои услови ќе се случи пристапувањето во ЕУ, важно е да се обезбеди дека луѓето во овој регион имаат перспектива на скромно учество во економскиот раст, работни места и обуки, истакна Алтмајер.

За таа цел, додаде германскиот министер, работиме со овие земји, организиравме дигитален самит што доведе до склучување договор за роаминг, обучуваме средни претпријатија…

На прашањето дали Македонија и Албанија економски се подобни за во ЕУ, Алтмајер рече дека ова прашање не може да се одговори со „да“ во сегашно време.

– Сепак, гледаме дека овие земји направија исклучителен напредок. Економиите во овие две земји достигнаа огромен и значаен напредок во изминатите години, со што се приближија кон европскиот единствен пазар, рече германскиот федерален министер.

Како што посочи Алтмајер во Познан, во земјите од Западен Балкан не е потребна толеранција, туку владеење на правото, независни cyдови и одлучна бopба пpoтив kopyпцијата.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.