Македонија го има најубавото знаме, Данска најстарото, а САД и Авганистан најмногу пати го промениле своето

САД и Авганистан се земјите кои најмногу пати го менувале своето знаме, а една од најинтересните е знамето на Мозамбик, кое во себе ги содржи симболите книга, мотика и калашников, изјави претседателот на Меѓународната федерација на вексилолози (научно проучување на знамињата), Жељко Хајмер.

Држава која најмногу пати го сменила своето знаме во модерно време е Авганистан, дури 15 пати, што не е за чудење, со оглед на повеќе или помалку непрекинатата воена состојба во која земјата се наоѓа со години.

Држава која најмногу додавала симболи е САД, каде дури 27 пати додавале нови ѕвезди кои ги означуваат сојузните држави.

Првото официјално знаме, по револуцијата во 1776 година имало на себе 13 сојузни држави, а сега се 50.

Што се однесува до обликот, повеќето знамиња се со правоаголна или квадратна форма. Единствена држава која отстапува од формата е Непал, кој за знаме има два тријаголници.

Најстаро знаме има Данска кое се користи во истиот облик од 13 век. Следуваат Холандија од 1572 и Непал од 1743. Најново знаме од 2017 година има Мауританија.

Најмладо знаме има Косово, кое своето знаме го одреди во 2008 година откако прогласи еднострана независност.

Најчест симбол е ѕвезда, која се наоѓа на 60-на државни знамиња, а зад неа следуваат грб, круг, сонце и месечина. Знаме со најмногу симболи е на Туркменистан кое брои дури 12.

Најубаво меѓународно знаме, по Хајмер, е знамето на Македонија.

-Тоа предизвика многу контраверзи во деведесетите години, па мораше да биде сменето. Усвоено е денешното знаме, едноставно, но со многу препознатлив дизајн“, изјави Хајмер.

Терминот вексилологија за првпат го користел американскиот автор Витни Смит во 1958 година. Меѓународното здружение на вексилолози е основано на 7 септември 1969 година, со цел да се создаде центар на информации и знаења за знамиња од сите видови, нивните форми и функции.

Извор: “Pressingtv.mk”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.