Маестралниот млад виолинист од Прилеп, Леонардо Димоски, освои трета награда на Интернационалниот натпревар на Москва (Видео)

Леонардо Димоски од Прилеп е ученик во втора година во средното Државно музичко училиште во Битола, во класата на проф. Оливера Трајкова и ментор Сихана Бадивуку.

Димоски е супер талентиран виолинист и добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Посетувал семинари кај познати професори, а минатата година одржа и концерт на виолина во Центарот за култура “Maрко Цепенков” во Прилеп.

Неодамна Леонардо учестуваше на Интернационалниот онлајн натпревар на Москва, каде учество земаа музичари од целиот свет.

Натпреварувачите се оценувале преку видео записи, од страна на водечки професори од Московскиот државен конзерваториум, што беше и причина Леонардо да го покаже својот талент пред нив.

Младиот виолинист од Прилеп освои трета нагрда, а свиреше композиции од Паганини и Виенњавски.

Оваа награда е дополнителен мотив Леонардо да продолжи да го надоградува својот талент и посветеност кон музиката.

Во продолжение слушнете го и уживајте:






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.