Лекapoт на Путин предyпpeдува: Колку вода да пиете, што да иcфpлите од домот, како мобилните влиjaaт вpз мозокот

Членот на медицинскиот тим на рускиот претседател Владимир Путин, академик Богдан Владимирович Городиски, неодмна имаше предавање за имунитетот и причините за болестите во Суботица, Србија.

-Последиците од падот на имунитетот носат околу 3.000 болести, а хроничниот стрес и влијанието на електромагнетните полиња од современото опкружување се најчестите причини, рече доктор Городиски.

Додал дека за силен и здрав организам неопходно е да се пијат по 30 милилитри вода за секој килограм од тежината. Последниот оброк треба да е околу 19 часот, а микробрановата печка треба веднаш да се исфрли од домот.

Според докторот, физичкото и менталното здравје се нераскинливо поврзани.

-Медицината на 21 век е пред голем предизвик, бидејќи постоечките методи не можат да го решат проблемот со дегенерација на ќелиите и забрзаното стареење на организмот. Потребно е да користиме методи кои тој процес ќе го претворат во прецес на регенерација и обнова на организмот, порача докторот.

Городски предупреди дека вториот голем проблем го создаваат тивките и бавни, скоро незабележливи инфекции, кои многумина не знаат дека ги имаат. Токму тие се предизвикувачи на тешки заболувања, како на пример, хроничниот херпес, кој потоа носи мултипла склероза

-Oгромен проблем е влијанието на електромагнетните полиња околу нас. Пример, трафостаниците би требало да бидат барем 1.500 метри надвор од населените места, а најчесто се наоѓаат само на 50 метри. Нивното влијание врз човекот е многу сериозно. Мобилниот телефон, исто така, има штетно зрачење кое продира во мозокот со длабочина од 6 до 8 см, со што го исклучува имуниот и ендокриновиот систем на организмот, предупредува тој.

Обичниот комјутер зрачи осум различни типови на озрачување кои го уништуваат нервниот систем и влијаат на штитната жлезда, создавајќи провлеми во организмот. Тука се и станиците за мобилната телефонија, радиоапаратите и телевизорите.

-Луѓето не размислуваат на тоа дека често и местото на кое живеат го нарушува нивното здравје. Има многу геопатогени зони. Стресот е, исто така, исклучително опасен зошто го уништува ендокриниот и имуносистемот. Ова посебно важи за животот во константен стрес, посочи доктор Городиски.

Овој имунолог со светско реноме порача дека тајната на доброто здравје е во едноставните навики, како правилно дишење, пиење на доволно вода, умерена и здрава исхрана, шетање, пливање, ведри и позитивни мисли.

Богдан Владимирович Городиски е претседател на научниот институт при администрацијата на рускиот претседате, неколкупати е одликуван со највисоките признанија во Русија, член е на Руската и Европската академина на природни науки.

Извор: “Република.мк”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.