“Кој го краде железото од Ленишки мост? Две години никој надлежен не реагира за ова?” (Фото)

Веќе подолго време мостот на Ленишки мост на самиот влез од Прилеп е во катастрофална состојба, незаштитен и понатаму останува црна точка на патот.

Ако се потсетиме, токму на ова место се имаат случено голем број на сообраќајни несреќи, од кои за жал, голем број завршиле трагично и со загубени животи.

Оградата на мостот се кради и веројатно се продава за старо железо, а надлежните не преземаат ништо овој горлив проблем да го решат со трајно решение.

Џабе е влезот во ЕУ и НАТО кога истите проблеми секојдневно ги тиштат граѓаните. Како тоа има пари за промена на табли со двојазично писмо и со Северна Македонија, за концерти и прослави, за чочеци, за заменици директори, измислени раководни места, измислени државни координатори и што ли уште не, а не се најдува ниту еден паметен да речи “овде луѓе гинат, дајте да не си играме играчки”.

Ова е само еден пример кој колку и банално да му звучи на некој, доколку што поскоро се реши, ќе спаси можеби еден човечки живот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.