“Лидер”: Ќерката на Емилија Александрова вработена во Фондот за иновации

Сара Александрова, ќерка на одметнатата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Емилија Александрова, од утринава е вработена во Фондот за иновации и технолошки развој, дознава Лидер од извори во Фондот.

– Колегите зборуваат дека ова е награда затоа што Александрова гласаше за уставните измени. Малата нема никакво работно искуство и ова и е прво вработување, а има само 23-24 години. – вели извор за Лидер.

Лидер се обидел да стапи во контакт со Фондот за иновации, но од секторот за односи со јавноста нема одговор.

Во јавноста е познато дека Александрова е во роднинска врска со екс директорот на УБК Сашо Мијалков. Ова не е прв скандал кој го следи Фондот за иновации. Во претходниот се обелодени дека од Фондот се испумпувале пари за компании со роднинска и сопственичка поврзаност со високи функционери на власта.

Со оглед на тоа што ќерката на Александрова е без работно искуство може слободно да се протолкува дека се работи за нагарада за гласањето за уставните измени на оваа поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, која во меѓувреме беше исклучена од партијата.

Извор: “Лидер”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.