“Комуналец” ги “поздрави” дуќанџиите кои после работа го оставаат ѓубрето пред врата (Фото)

ЈКП “Комуналец” Прилеп синоќа реагираше до дуќанџиите во прилепската чаршија, кои го оставаат ѓубрето пред дуќаните после завршувањето на работното време.

-Фотографиите се направени вечерва во 20 часот по затворањето на дуќаните само на еден потег од семафорите до кружниот кај поштата. Дуќанџиите по затворањето си го оставиле отпадот до корпите за отпадоци наменети за минувачите. Но, не само вечерва, ова е секојдневие кое се случува по булеварот и Старата чаршија.

Иако , ЈКП ,,Комуналец,, – Прилеп, до соптвениците на дуќани испрати дописи да ги користат контејнерите за одлагање на отпад, тие и понатаму секоја вечер оставаат отпад од распакувана стока.

Дали е тешко отпадот по затворањето да се одложи во контејнерите поставени на паркингот кај општината, до поштата, и уредот, проценете сами.

До утре, во 05:00 часот наутро, кога започнува со работа Одделението за одржување на ЈПП, кутиите, целофаните, најлоните и другиот отпад ќе го нарушуваат впечатокот за чист град.

Пред извесно време наша совесна сограѓанка која редовно објавува поучни стории со порака за чиста животна средина, објави фотографија за извесен дуќан каде по распакувањето на многу пристигната стока, го изнесле сиот отпад , со што го блокирале и целото шеталиште во центарот на градот, и го оставиле цела ноќ. Истата фотографија ја објавуваме.

Од друга страна, им благодариме на граѓаните што ги користат корпите за отпадоци, секако со исклучоци. Фотографиравме и состојба пред еден банкомат. Дали е тешко ливченцето од извештајот за сметка да се пикне вџеб, или да се идфрли во корпата за отпадоци која ја има само на 5 метри. За да не се развие дебата дека ние сме платени да чистиме, Ве информираме дека дуќаните се должни отпадот да го одложуваат во најблиските контејнери. Што би се случило кога и граѓаните би изнесувале секој ден отпад пред портите, како дуќанџиите?!

Законските надлежности на ,,Комуналец,, се да одржува чисто, да моли и едуцира, ние други ингиренции немаме. Останува на граѓаните да ни помогнат во заложбите за чиста животна средина и заеднички да го подигнеме нивото на културно однесување .






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.