Општествената одговорност е дел од вредностите на компанијата Кожувчанка, која во изминатите пет години вложила повеќе од 90 милиони денари, односно околу 1,5 милиони евра, преку донации и спонзорства во Македонија.
Поддршката била насочена кон повеќе области од општествениот живот, меѓу кои спортот, културата, здравството, образованието, локалните заедници и различни иницијативи за подобрување на квалитетот на животот.
Од компанијата посочуваат дека ваквите вложувања се дел од нивната долгорочна определба за поддршка на луѓето и заедницата.
„За Кожувчанка, луѓето и заедницата се секогаш на прво место“, истакнуваат од компанијата.
























