По повод 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, Општина Кривогаштани оддаде почит на десеттемина припадници на резервниот состав на Армијата кои го загубија животот во нападот врз армискиот конвој на автопатот Скопје – Тетово, на 8 август 2001 година.
Во знак на сеќавање и благодарност кон загинатите бранители, беше положено свежо цвеќе пред споменикот во Пашино Рувци, како и пред спомен-обележјето Карпалак во Прилеп.
Меѓу десеттемина загинати бранители беше и Љубе Грујоски од Пашино Рувци, кој останува трајно запаметен како дел од трагичниот настан кај Карпалак.
Од Општина Кривогаштани порачаа дека нивната жртва претставува нераскинлив дел од колективната меморија и дека споменот за загинатите бранители треба да се чува и пренесува на идните генерации.
Нека им е вечна слава!




























