Кај нас под 500 евpa, а во Софија пpoceчната плата достигна над 1.000 евpa

Просечната плата во Софија веќе е над 2.000 лева (1.000 евра), рече на прес-конференција во општина Софија Петар Ганев, виш експерт во невладиниот Институт за пазарна економија, претставувајќи го извештајот за „Економски и инвестициски профил на општина Софија 2021″.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Ганев истакна дека просечната плата во бугарската престолнина е повисока за околу 33 отсто од останатиот дел од земјата.

Стапката на раст на просечната плата во Софија се одржува за околу 10 отсто, што е типично за остатокот од Бугарија, коментира Ганев.

Во информатичко-комуникациските технологии просечната плата во Софија е највисока – 3.600 лева (1.800 евра), а според економистот од почетокот на 2022 година веројатно достигнала 4.000 лева (2.000 евра).

Во финансиските дејности и банките просечната плата е 2.500 лева (1.250 евра), во професионалните дејности – околу 2.400 лева (1.200 евра), во јавната администрација – околу 2.000 лева (1.000 евра), додаде Ганев. Во Софија во 2021 година се вработени 750.000 жители.

Според Ганев, најниски плати во Софија остануваат во хотелите и рестораните, каде просечната плата во 2020 година е околу 1.000 лева (500 евра), а мора да се земе предвид сивиот сектор во хотелиерството и рестораните, вели Ганев. И покрај пандемијата со „Ковид-19″, градежништвото во Софија е во пораст за околу 70 отсто.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.