Уште еден голем спортски успех за прилепскиот карате клуб „Феникс“, чии млади каратисти блеснаа на меѓународниот турнир „Трофеј Бара“, кој се одржа на 21 и 22 ноември 2026 година во Црна Гора.
Прилепските каратисти прикажаа одлични борби, силен натпреварувачки дух и завидни вештини, а од турнирот се враќаат со вистинска „вреќа“ медали и пехари, потврдувајќи го квалитетот и посветената работа на клубот.
Најсјајните одличја ги освоија:
🥇 Златни медали:
Матеј Трајкоски
Матеј Темелкоски
Доротеа Стојаноска
Горазд Мантароски
Филип Момироски
Ката тим У10–11 години: Сергеј Ѓуриќ, Димитар Јанески и Горазд Мантароски
🥈 Сребрени медали:
Матеј Темелкоски
Ненад Гоцевски
Сергеј Ѓуриќ
Јована Димитриоска (два медали)
🥉 Бронзени медали:
Андреа Чочева
Матеј Трајкоски
Филип Момироски
Ева Момироска
Димитар Јанески
Мила Билбилоска
Јована Конеска (два медали)
Флора Ристеска
Ката тим У10–11 години: Филип Момироски, Ненад Гоцевски и Матеј Темелкоски
Ката тим – девојчиња У10–11 години: Јована Димитриоска, Андреа Чочева и Мила Билбилоска
Од клубот ги истакнуваат и одличните настапи на Ања Ристеска и Леонид Стеваноски, кои исто така достојно ги претставуваа боите на „Феникс“.
Овој успех е резултат на многу труд, дисциплина, посветеност и љубов кон карате спортот, но и уште една потврда дека Прилеп има млади спортски таленти кои со своите настапи достојно го претставуваат градот и надвор од границите на Македонија.
Честитки за сите натпреварувачи, тренерите и целиот тим на Карате клубот „Феникс“! Прилеп има причина да се гордее!






























