Каракачанов со нова провокација: 70 години им се перени мозоците, учат лажна историја, кога ќе видам дека тоа е сменето ќе поверувам дека работите се на прав пат!

Ако Македонија сака да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ треба да ги почитува обврските што ги презеде и кон Бугарија и кон Грција. Ова го изјави вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов за утринскиот блок на Мароко на ФОКУС Радио, пренесува Инфомакс.

Тој додаде дека Договорот за добрососедство со нашата земја и, соодветно, со Грција вклучува и негирање на иpeдентизмот и крај на фалсификување на бугарската историја. Каракачанов додаде дека, кога во македонските книги по историја ќе ја види вистинската историја на Македонија, а не фалсификуваната со која 70 години ,,им се перени мозоците”, ќе биде убеден дека работите одат во вистинска насока.

„Македонија брза да се приклучи кон НАТО, бидејќи, како и многу бугарски политичари пред 20 години, верува дека кога ќе влезеш во НАТО речиси автоматски ќе ти се реашт сите проблеми. Влегувањето во НАТО е можност за решавање на проблемите, но без твое учество и подготвеност, нема друг може да ти ги реши – ниту Брисел, ниту генерален секретар на НАТО, ниту која било друга земја-членка, вклучувајќи ја и Бугарија“, вели Каракачанов како што пренесува бугарски „Фокус“.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.