Влатко Ѓорчев се сретна со Мајк Помпео (ФОТО)

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој престојува во Вашингтон за Молитвениот појадок во организација на американскиот претседател Доналд Трамп оствари средба со државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Средбата на Ѓорчев со Помпео доаѓа по неговата кандидатура за претседател.

Изминативе денови, Ѓорчев се сретна и со Сара Сандерс, портпаролка на Доналд Трамп.

„Денес имав можност да се сретнам со Сара Хакаби Сандерс, портпаролка на Белата куќа на претседателот на САД, Доналд Трамп.

За Македонија е важно да има отворени врати во Вашингтон. Секое пријателство и средба е можност да се кажат македонските аргументи.
Македонија мора да гради силни сојузништва. На тој начин ги подобруваме позициите на Македонија“, напиша Ѓорчев на својот профил на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.